Холивуд води битка да го задржи своето место во центарот на глобалниот филмски бизнис.
Ниеден од 10-те кандидати за Оскар за најдобар филм на 2 март не е снимен во Лос Анџелес, дом на повеќето големи филмски компании повеќе од еден век. „Злобница“, музичкиот приквел на „Волшебникот од Оз“, беше снимен во Британија.
Филмската и ТВ-продукција со години го напушта Холивуд и се упатува кон локации со даночни олеснувања кои го прават снимањето поевтино. Филмаџиите се надеваа на враќање во Лос Анџелес по штрајкот на сценаристите и актерите во 2023, но статистиката покажува дека тоа оди бавно. Ситуацијата дополнително се влоши со шумските пожари што уништија делови од округот Лос Анџелес во јануари.
Холивуд започна кампања „Остани во ЛА“, при што се повикуваат политичарите да го укинат ограничувањето на даночните олеснувања за снимање во градот во следните три години, како дел од напорите за обновување по шумските пожари. Петицијата, исто така, ги повикува филмските студија да се заложат за зголемување на производството во Лос Анџелес за најмалку 10% во следните три години.
Петицијата досега собра над 21.000 потписи, што вклучи и филмски ѕвезди како Кевин Бејкон, Кијану Ривс, Бет Мидлер и Оливија Вајлд.