„Менк“, црно-белиот филм за легендарниот сценарист Херман Манкиевич, се издвои од конкуренцијата откако доби 10 номинации за Оскар. Ова, сепак, ништо не му гарантира, имајќи предвид дека претходно, од шесте номинации за Златен глобус не освои ништо.
- Првпат во историјата, две жени се номинирани за режија: Клое Жао за „Земја на номади“ и Емералд Фенел за „Надежна млада жена“.
- Жао, всушност, има четири номинации: за најдобар филм, режија, адаптирано сценарио и монтажа.
- Чедвик Боузман е седмиот актер кој посмртно доби номинација, по Џини Игелс, Џејмс Дин, Спенсер Трејси, Питер Финч, Ралф Ричардсон, Масимо Троизи и Хит Леџер. Само Финч и Леџер имаат и освоено.
- Глен Клоуз ќе ја има и осмата шанса да освои оскар и со тоа да се ослободи од статусот на најголем губитник меѓу актер(к)ите. Таа првпат беше номинирана во 1983 година.
- Бугарија првпат има номинација за Оскар, благодарение на ѕвездата на „Борат 2“, Марија Бакалова.
- „Нетфликс“ е студио со најмногу номинации – 35, вклучувајќи две за најдобар филм, „Менк“ и „Судењето на чикашките седумтемина“.
- Ѕвездата на серијата „Живи мртовци“, Стивен Јеун, е првиот Американец со азиско потекло кој е номиниран за најдобар актер („Минари“).
- Рекордна бројка од 70 жени ќе се борат за 76 оскари.
- По 19 години, БиХ повторно има можност да освои Оскар за најдобар странски филм („Кво вадис, Аида?“)