Новиот филм на оскаровецот Стивен Спилберг, „Приказна од западната страна“, од денеска игра во скопските кина Милениум и Синеплекс. Станува збор за римејк на мјузиклот од 1961 година, кој ги истражува забранетата љубов и ривалството помеѓу Џетс и Шаркс, тинејџерски улични банди од различни етнички потекла.
Енсел Елгорт, Рејчел Зеглер, Аријана Дебосе и Давид Алварез ги играат Тони, Марија, Анита и Бернардо. Се појавува и легендарната Рита Морено, која во првиот филм беше Анита, за што освои оскар за најдобра споредна улога.
Ова е прв мјузикл во богатата кариера на Спилберг, а премиерата доаѓа една година подоцна од предвидениот термин.