РАЈАН ГОСЛИНГ И ЕМИЛИ БЛАНТ ГЛУМАТ ВО НОВ ФИЛМ СО ТИПИЧЕН БРИТАНСКИ ХУМОР

Лондон, (Би-Би-Си)

Рајан Гослинг и Емили Блант беа номинирани за Оскар оваа година: таа за „Опенхајмер“, тој за „Барби“. Сега кога ривалството „Барбенхајмер“ е зад нив, тие се здружија во новиот блокбастер „The Fall Guy“, во кој преовладува типичниот британски хумор.

„The Fall Guy“, кој е базиран врз истоимената американска ТВ-серија од 1980-тите, е љубовно писмо до каскадерите. Но, играњето каскадер можеби не бил очигледниот избор за Гослинг, кој признава дека не сака височини. На почетокот на филмот, тој паѓа од 12-катна зграда:

„Не ми требаше никаква вештина, само паднав. Но, тоа беше некако страшно, имав ментална пречка“, кажа актерот.

Блант можеби не паѓа од голема височина, но се вклучува во акробации како борба против негативци и вонземјанин.

„Ми се чини дека Рајан е бескрајно смешен. Веројатно не би го сметала за толку смешен ако не е толку вљубен во британскиот хумор“, вели Блант, која во филмот пее песна од Фил Колинс.

Филмот ќе има премиера во САД на 3 мај.