Рене Зелвегер е позната по својата способност да се менува за улогите, па така повторно е непрепознатлива со нејзината најнова трансформација како Џуди Гарланд.
Оскаровката ја глуми славната американска пејачка и глумица во биографскиот филм „Џуди“, кој се снима периодов во Лондон. Филмот ги следи распродадените концерти на Гарланд во Лондон во 1968 година, и покрај нејзините исцрпеност и влошено здравје.
Таа почина од предозирање со лекови во јуни 1969 година во Лондон, на 47 години, неколку месеци по завршувањето на турнејата.
Базирана на сценариото на Том Еџ (автор на успешната ТВ-серија „Круна“), приказната се фокусира и на проблемите на Гарланд со менаџерите, како и на нејзините врски. Режијата е на Британецот Руперт Гулд.
Фин Витрок го глуми петтиот сопруг на Гарланд, Мики Динс, Мајкл Гембон е менаџерот Бернар Делфонт, а Џема-Лија Деверо е младата Лајза Минели.
Премиерата се најавува за крајот на годината.