Ричард Донер потврди дека на 90 години ќе го режира „Смртоносно оружје 5“. Тој кажа дека петтиот филм ќе биде последното појавување на Мел Гибсон и Дени Гловер во улогите на детективите Мартин Ригс и Роџер Мертау.
„Ова е последниот филм, ви го ветувам тоа. Моја привилегија и должност е да ставам крај на серијалот. Ќе биде возбудливо“, изјави Донер, кој својот последен филм го сними во 2006 година.
„Смртоносно оружје“ излезе во 1987 година и потоа доби уште три продолженија од 1989 до 1998. Сите четири филма ги режираше Донер.