Десеттото издание на Неделата на шпански филм почнува вечерва во Кинотеката и до 17 ноември ќе се прикажат седум наслови. Филм за отворање е „Шампиони“ од 2018, во режија на Хавиер Фезер.
Ревијата ја организираат Амбасадата на Шпанија, Кинотеката и Скопје филм фестивал.
Влезот е бесплатен, но поради ограничениот број седишта, неопходна е резервација во Кинотеката.