Шарлиз Терон, Никол Кидман и Марго Роби изгледаа грациозно на црвениот килим за премиерата на нивниот нов филм „Тие се бомби“ во Лос Анџелес. Филмот од 26 декември ќе игра и во скопското кино Синеплекс.
„Тие се бомби“ е политички трилер за три жени кои се охрабруваат да го тужат директорот на „Фокс њуз“ Роџер Ејлс за сексуално вознемирување на работа.
Оскаровките Терон и Кидман ги играат прославените новинарки Мегин Кели и Гречен Карлсон, кои го покренаа големиот скандал, по кој Ејлс беше принуден да се повлече во 2016 и почина една година подоцна.
Терон доминираше на црвениот килим во црн фустан на „Диор“, Роби носеше виолетов фустан на „Џанбатиста Вали“, а Кидман костум на „Ив Сен Лоран“.
Терон и Роби деновиве добија номинација за Златен глобус.