„ТОП ГАН 2“ ЗАРАБОТИ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ И СТАНА НАЈУСПЕШНИОТ ФИЛМ ЗА 2022

Лос Анџелес, (АП)

Топ ган: Маверик“ и натаму добро се држи во светските кина и викендов ја надмина заработката од една милијарда долари. Продолжението на големиот хит со Том Круз од 1980-ите со тоа стана најуспешниот филм за оваа година, надминувајќи го „Доктор Стрејнџ во мултиверзумот на лудилото“, кој е на 943 милиони долари.

Топ ган 2“ досега заработи 521 милион долари во Северна Америка, како и 484,7 милиони во остатокот од светот.

Филмот имаше екстремно долг пат до кината: првично требаше да излезе во јуни 2020, но потоа уследија неколку поместувања поради пандемијата. Премиерата конечно се случи пред повеќе од еден месец.