ТРАМП ДОБИ ЗЛАТНА МАЛИНА ЗА НАЈЛОШ АКТЕР ЗА ПОЈАВУВАЊЕ ВО АРХИВСКИ СНИМКИ

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Утре е најсвечената вечер за филмската индустрија, но во пресрет на Оскарите, традиционално се наградува најлошото во Холивуд.

„Холмс и Вотсон“, комедијата со Вил Ферел и Џон Си Рајли во насловните улоги, доби Златна малина за најлош филм, додека Мелиса Мекарти ќе има можност да оствари редок подвиг овој викенд.

Само ден пред да конкурира за Оскар, Мекарти освои Златна малина за најлоша актерка за две комедии, „The Happytime Murders“ и „Life of the Party“. Во 2010, Сандра Булок се закити со Оскар и со Златна малина во иста година.

Иако се појавува само во архивски снимки, Доналд Трамп доби Златна малина за најлош актер за документарците „Смрт на нацијата“ и „Фаренхајт 9/11“. Истовремено, тој и „неговата самоодржувана милост“ се прогласени за најлоша комбинација на филм. Трамп сега има три златни малини во актерската кариера.

Холмс и Вотсон“ освои уште две златни малини: за режисер (Етан Коен) и за машка споредна улога (Џон Си Рајли), додека во женска конкуренција славеше Келиен Конвеј за појавувањето во документарниот филм на Мајкл Мур, „Фаренхајт 9/11“.