ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „100 ГОДИНИ ФУДБАЛ ВО ОХРИД“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва во 19 часот премиерно ќе се прикаже документарниот филм „100 години фудбал во Охрид“, во продукција на сајтот „Охридњуз“.

Во филмот зборуваат историчари, хроничари, поранешни фудбалери и спортски работници од сите генерации, кои се присетуваат на најзначајните моменти на фудбалскиот клуб Охрид формиран во 1921 година, блескавите генерации од 1950-ите, 1970-ите, 1980-ите и 1990-ите, но и на мечевите од општинската лига кои влегоа во Гинис.

„Ретки се вредностите кои имаат вековна традиција. ФК Охрид и фудбалот во Охрид воопшто се вековна приказна која сакавме да ја раскажат директните актери. Овој филм е посветен на фудбалските легенди на Охрид и на сите кои оставиле трага во стогодишната историја на локалниот фудбал“, вели главниот и одговорен уредник на „Охридњуз“ и автор на филмот, Горан Момироски.