„ВРБА“ Е НАЈГЛЕДАНА ПРЕМИЕРА НА МАКЕДОНСКИ ФИЛМ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Филмот „Врба“ го сруши рекордот на најгледана премиера на македонски филм во скопското кино Синеплекс.

Шестиот по ред филм на најтрофејниот македонски автор Милчо Манчевски синоќа имаше гала премиера во Филхармонија, а во исто време почна да игра во Синеплекс и Милениум, како и во Битола, Штип, Охрид, Кичево и Струга. Од 4 ноември, тој ќе се прикажува во Прилеп и Свети Николе, во Гевгелија од 9 ноември, во Кочани и Македонска Каменица од 14 ноември, а продукцијата најавува дека се во преговори да игра и во други градови од државата. Светската премиера на „Врба“ беше на 19 октомври на Римскиот филмски фестивал.

Дел од актерската екипа на „Врба“, Сара Климоска, Никола Ристески, Наталија Теодосиев и Ненад Нацев (Фото: Б. Каески)

„Во исто време и ништо поназад со останатиот дел од светот ќе овозможиме ‘Врба’ да го видат сите. Сметаме дека тоа е наша прва должност“, вели продуцентот Јане Ќортошев.

Режисерот Милчо Манчевски (Фото: К. Попов)

Новиот филм на Манчевски ја освои и домашната публика со горчливата порака дека „Мајка не раѓа, мајка сака“. Коментарите беа дека филмот е „болен до коска“, дека ги допре и насмеа. Овации добија авторот Манчевски и особено трите актерки Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски, кои играат три млади мајки.

Манекенката Катарина Ивановска и актерката Силвија Стојановска (Фото: К. Попов)

Во главни улоги се и младите актери Никола Ристески и Ненад Нацев, покрај Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други.

Продуцентот Јане Ќортошев со актерите Климоска, Ристески и Теодосиева (Фото: К. Попов)

Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош, дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс, костимите се на Жаклина Крстевска и Унгарката Ѓерѓи Сакач, а асистент на режија е Никола Ивановиќ од Србија.

Б. НЕСТОРОСКА

Сара Климоска со Дејвид Манс, дизајнер на продукција и долгогодишен соработник на Манчевски (Фото: Б. Каески)
Наташа Мешковска (Фото: К. Попов)
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев со сопругата (Фото: К. Попов)
Глумците Благоја Чоревски, Катина Иванова и Лазе Манасковски (Фото: К. Попов)
Академик Луан Старова со сопругата, професорка и поранешна судијка Гзиме Старова (Фото: К. Попов )
Евроамбасадорот Самуел Жбогар (Фото: К. Попов)
(Фото: К. Попов)
(Фото: К. Попов)
(Фото: К. Попов)