ЗАВРШИВ СО ГЛУМАТА, ВЕЛИ КАМЕРОН ДИЈАЗ

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Камерон Дијаз ги потврди шпекулациите кои се појавија пред некое време дека се откажала од глумата.

Четириесет и петгодишната Дијаз, чиј последен филм беше „Ени“ од 2014 година, го потврди ова во заедничкото интервју со своите колешки Селма Блер и Кристина Еплгејт за „Ентертејнмент викли“.

„Моментално буквално ништо не работам. Јас сум полупензионирана, поточно јас целосно се повлеков од глумата“, кажа Дијаз.

Токму Блер минатиот месец го прошири муабетот дека Дијаз веќе нема да глуми.

„Камерон се повлече. Таа ми кажа дека завршила со тоа“, рече тогаш Блер.

Дијаз, која во 2015 година се омажи за рок-музичарот Бенџи Маден, дебитираше во Холивуд во 1994 година во хит-комедијата со Џим Кери, „Маска“, и потоа имаше четири номинации за Златен глобус, последна во 2003 година за „Бандите на Њујорк“ на Мартин Скорсезе.