Денеска (30 октомври) во киното Синеплекс ќе има гала филмска вечер „Најдоброто од Франција“, како дел од одбележувањето на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје. Премиерно ќе се прикаже комедијата „Нешто малку поинакво“, која од утре до 6 ноември ќе игра на редовниот репертоар на киното.
Од Францускиот институт велат дека „Нешто малку поинакво“ е најуспешниот филм во Франција во последните 10 години, со досега продадени над 10 милиони влезници. Во главните улоги се Кловис Корнијак, Алис Белаиди и Артус, кој е и режисер на филмот.