КРИВА ПАЛАНКА ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ПРАЗНИКОТ ВОДИЦИ СО ГАСТРОНОМСКИ НАТПРЕВАР СО ТРАДИЦИОНАЛНИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ

Крива Паланка, (СМАРТ СДК.МК)

На 19 јануари на плоштадот во Крива Паланка од 10:30 часот ќе се одржи гастрономски натпревар за најдобра софра по повод празникот Водици. Го организира Македонската асоцијација на готвачи „Гастромак“ во соработка со Општина Крива Паланка.

Традиционални специјалитети ќе готват здруженија на пензионери од Неготино, Куманово и Крива Паланка, организации на жени од повеќе градови, Дневниот престој за активно стареење од Крива Паланка, ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка и индивидуални натпреварувачи. Судиите од „Гастромак“ ќе доделат награди за најубава, највкусна и за најдобро аранжирана трпеза, како и награди за млади и талентирани готвачи.

Во рамките на манифестацијата, традиционално се фрла крстот во Крива Река, а најавена е и музичка програма.