Композиторот Григор Копров ќе добие награда за животно дело на годинашната, 22. Златна бубамара на популарноста.
Копров во својата 45-годишна творечка дејност беше автор на голем број фолк и поп хитови. Како композитор соработувал со Сенка и Зафир, Маја Оџаклиевска, Мери Цетиниќ, Владо Калембер, Тоше Проески, Калиопи, Владо Јаневски, Ана Костовска, „Силви бенд“, Каролина Гочева, Марјан Стојаноски, Андријана Јаневска, Дуле и Коки и други. Тој ја напиша музиката за хитовите „Лео“, „Сребрени улици“, „Лидуду“, „Анушка“, „Усни на усни“, „Излажи ме уште еднаш“, „Црно тиквешко“, „Сонце во твоите руси коси“… Веќе 25 години е уметнички директор на фестивалот „Охрид фест – охридски трубадури“, што самиот го основа.
Златна бубамара ќе се одржи в четврток во ВИП арената „Борис Трајковски“.