Џони Деп вели дека има чувство оти Холивуд го бојкотира, додека сè уште ја чека премиерата на неговиот нов филм „Минамата“ во САД.
Во интервјуто за „Сандеј тајмс“, Деп говореше за „надреалните пет години“ што ги доживеал за време на неговото исфрлање од холивудската заедница. Падот во немилоста на Холивуд го нарече „апсурд на медиумските калкулации“.
Актерот го изгуби судскиот спор со британскиот таблоид „Сан“, кој го нарече „тепач на жени“ откако поранешната сопруга Амбер Хрд го обвини за домашно насилство. „МГМ“ потоа го одложи проектот „Минамата“, а Деп беше принуден да излезе од франшизата „Фантастични ѕверки“.
„Ги погледнав луѓето од МГМ в очи и ми ветија дека нема да бидат експлоататори. Дека филмот ќе излезе со почит. Очекувам да си го одржат зборот. Не ми е јасен бојкотот на Холивуд кон мене. Еден човек, еден актер толку години да биде во една таква непријатна и нејасна ситуација“, вели 58-годишниот актер.