Еден од омилените британски актери Идрис Елба е последната славна личност која потврди дека е позитивна на коронавирус.
„Ова утро дознав дека мојот тест за КОВИД-19 е позитивен. Во ред сум, немам никакви симптоми засега, но се ставив во изолација бидејќи би можел да изложам други на вирусот“, објави Елба на Инстаграм.
И актерката Олга Куриленко, која се прослави како Бонд девојка во „Трошка надеж“, денеска објави дека е заразена со КОВИД-19. Холивуд првпат се соочи со коронавирусот кога Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон обелоденија дека имале позитивен тест во Австралија.
„Ова е сериозно. Сега е време за социјално дистанцирање и за миење раце. Досега живеевме во поделен свет, а сега е време за солидарност и да мислиме едни на други“, кажа Елба.