ИДРИС ЕЛБА НАПРАВИ МЈУЗИКЛ ЗА ЈУЖНА АФРИКА

Лондон, (Скај)

Британскиот актер Идрис Елба направи мјузикл за животот во Јужна Африка по смртта на Нелсон Мандела.

Елба, кој го играше поранешниот претседател на Јужна Африка во филмот „Мандела: Долг пат до слободата“, е кокреатор на претставата „Дрво“ со Кваме Квеи-Армах, уметнички директор на „Лондон јанг вик“.

Елба во 2014 година, една година по смртта на Мандела, го издаде албумот „ми Мандела“ и изјави дека тој бил појдовна точка во создавањето на претставата, во која ќе има музика, танц и филм.

Мјузиклот премиерно ќе се прикаже во јули на меѓународен фестивал во Манчестер.