В петок (28 јуни) од 20 часот, во Кинотеката ќе се одржи изложбата „Фемина 8“, кураторски проект на Јана Манева-Чупоска во рамките на програмските активности на ДЛУМ. Проектот обединува повеќе ликовни стилови, знаци и пораки.
Ќе се прикажат и 13 кратки видеоарт филмови на македонски и странски уметници.
На изложбата „Фемина“ досега учествувале над сто домашни и странски уметници. Овој проект ги следи жената како субјект/објект и нејзината улога во повеќе сегменти.