ИЗЛОЖБАТА „ПАРИСКИ РЕФЛЕКСИИ 2 И 3“ СЕ ОТВОРА ВО ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА

Битола, (СМАРТ.СДК.МК)

Денес (13 ноември) во 18 часот во Офицерскиот дом Битола ќе се отвори изложбата „Париски рефлексии 2 и 3“. Изложбата е во организација на Националнаа галерија на Македонија (НГМ) во соработка со Францускиот институт во Скопје и со Амбасадата на Франција и три дела на „Париски рефлексии“ кои беа претставени во Чифте амам.

Минатата година во Битола беа претставени основоположниците на македонската модерна, односно современа мисла кои дел од своето творештво го дефинирале преку студиски престои и специјализации во центарот на уметноста – Париз, во интернационалната заедница означена под синтагмата Париска школа. Тоа беа македонските уметници: Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димитар Пандилов Аврамовски, Томо Владимирски, Борко Лазески, Лена Стефанова, Димо Тодоровски, Димче Коцо, Лена Стефанова, Василије Поповиќ Цицо и Вангел Коџоман.

Годинава во Битола се претставува втората генерација автори кои се родени до 1930 и се вклучиле во дефинирањето на ликовната сцена кај нас по Втората светска војна па сѐ до 6. и 7. деценија на 20.век: Борислав Траиковски, Димитар Кондовски, Томо Шијак, Петар Мазев, Спасе Куновски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Миле Корубин, Богољуб Ивковиќ, Ристо Лозаноски, Ванчо Ѓорѓиевски, Трајче Јанчевски.

Сите претставени дела, од кои повеќето се ретко изложувани, се дел од Колекцијата на Националната галерија.

 

Фото: „Цветна градина“, Душан Перчинков/„Кринови“ од Борислав Траиковски