КАНЈЕ ВЕСТ ОДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ СО СЛОГАНОТ „РОДЕНДЕНСКА ЗАБАВА“

Њујорк, (Ројтерс)
Mandatory Credit: Photo by Shutterstock (9927938ah) Kanye West, left, makes a statement to the media as he meets with United States President Donald Trump, right, and Jim Brown Kanye West meets with Donald Trump, White House, Washington DC, USA - 11 Oct 2018

Канје Вест навести дека веќе не го поддржува Доналд Трамп и дека влегува во претседателската трка за да победи. Раперот и милијардер викендов на Твитер објави дека ќе се кандидира на годинашните избори, но засега нема потврда дали поднесол официјална пријава.

„Со ова интервју ја симнувам црвената капа. Како и сѐ друго што сум правел во животот, и ова го правам за да победам“, изјави Вест за „Форбс“, алудирајќи на бејзбол капата со слоганот на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“, со која често се појавуваше во јавност.

Вест кажа дека слоганот на неговата кампања ќе биде „Роденденска забава“. Тој негираше дека неговата кампања има за цел да ги подели гласовите на Афроамериканците и да им наштети на шансите на Џо Бајден.