КОНЦЕРТ НА РУСКИОТ ПИЈАНИСТ ПЕТЕР ЛАУЛ СО ОРКЕСТАРОТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА, ДИРИГЕНТ Е КОНРАД ВАН АЛФЕН ОД ХОЛАНДИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (31 октомври) од 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе одржи концерт насловен „Пијанизам хероизам“, на кој како солист ќе настапи рускиот пијанист Петер Лаул (фото), а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Поемата за симфониски оркестар „Древниот ѕид“ од Томислав Зографски, Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во Ф-дур од Дмитри Шостакович и Симфонијата бр. 6 во Д-дур од Антонин Дворжак.

Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во моментот е уметнички директор на Московското филхармониско здружение.

Петер Лаул е еден од најнаградуваните руски пијанисти. Од 2002 предава пијано на Конзерваториумот во Санкт Петербург.