МАЈКЛ ЏЕЈ ФОКС СТАНА ОД ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА ЗА ДА ГО ПРОГЛАСИ НАЈДОБРИОТ ФИЛМ НА БАФТА

Лондон, (Би-Би-Си)

Ѕвездата на „Враќање во иднината“ Мајкл Џеј Фокс, кој повеќе од три децении живее со Паркинсоновата болест, изненадувачки се појави на доделувањето на британските филмски награди БАФТА во Лондон, за да го објави името на најдобриот филм. Шеесет и двегодишниот Фокс излезе на сцената во инвалидска количка, но инсистираше да стои кога го прогласи „Опенхајмер“ за победник.

Фокс доби стоечки овации, а многумина коментираа на социјалните мрежи дека неговото доаѓање ги расплакало.

Фокс на 29 години дозна дека боледува од ова нервно нарушување. Подоцна ја стави актерската кариера во втор план и во 2000 основа фондација која го помага истражувањето да се најде лек за оваа болест.

„Still: A Michael J Fox Movie“ беше номиниран за БАФТА за најдобар документарен филм, но изгуби од „20 дена во Мариупол“.

(Фото: Гети)