17. АЛБУМ НА „АЈРОН МЕЈДН“ ИЗЛЕГУВА ВО СЕПТЕМВРИ

Лондон, (НМЕ)

Еден од најдолговечните метал бендови „Ајрон мејдн“ го најави својот 17. студиски албум, насловен „Senjutsu“. Тој ќе излезе на 3 септември, а беше најавен со синглот „The Writing on the Wall“ минатата недела, што е прва нова песна на групата во последните шест години.

„Многу сме возбудени поради новиот албум. Тој беше снимен уште во почетокот на 2019 кога бевме на пауза на нашата последна турнеја. Така можевме максимално да ја продолжиме турнејата и да имаме доволно време да го подготвиме албумот. Се разбира, пандемијата доста ги одолжи работите“, изјави фронтменот Брус Дикинсон.

Новиот албум содржи десет песни.

„Има една-две песни кои звучат поразлично од нашиот вообичаен стил. Мислам дека фановите ќе бидат изненадени, позитивно, се надевам“, додаде Дикинсон.