Американскиот пејач Мад Морганфилд е првиот потврден учесник на четвртото издание на Котон блуз фестивал, кој ќе се одржи на 25 мај, повторно на нова локација, во Младински културен центар во Скопје. Шеесет и осумгодишниот Морганфилд е најстариот син на легендарниот Мади Вотерс, кого често го нарекуваат „татко на модерниот чикашки блуз“.
И Морганфилд ја лансирал својата музичка кариера од блуз клубовите во Чикаго, а професионален музичар станал дури по смртта на татко му во 1983 година. Неговиот последен албум излезе лани.
Морганфилд на своите настапи изведува и песни од Вотерс, со кого дели слична боја на гласот.
Организаторот на фестивалот „Блуз фамилија“ најави дека тој ќе биде придружуван од домашни музичари.
Г. КОНЕВ