Белгискиот трип хоп бенд „Хуверфоник“ ќе одржи концерт о Скопје, во Филхармонијата на 18 април следната година, објави „Авалон“.
Концертот е по повод 25 години од издавањето на албумот „The Magnificent Tree”, а бендот ќе го придружува гудачки квартет.
Бендот е основан во 1995, и има снимено 12 студиски албуми и неколку компилациски изданија. Во 2019 година во рекорден рок распродадоа два концерти во Филхармонијата. Од „Авалон“ велат дека ќе се одржи само еден концерт.