БЕЛОРУСИЈА ИСФРЛЕНА ОД ЕВРОВИЗИЈА ПОРАДИ ПОЛИТИЧКИ СТИХОВИ

Амстердам, (Би-Би-Си)

Белорусија е дисквалификувана од годинашната Евровизија откако двапати пријави песна со која ги прекршила правилата на натпреварувањето.

На Белорусија пред две недели ѝ беше кажано да ја промени песната поради наводен политички контекст на стиховите, но и новата, напишана од истата група, е оценета како несоодветна од организаторите. Групата „Галаси Зместа“ ги исмеваше протестите против белорускиот лидер Александер Лукашенко, што наводно било препознато и во нивната евровизиска песна.

„Тие почнаа да нѐ притискаат на сите фронтови, дури и на Евровизија. Ќе напишеме нова песна, ќе видите дека сѐ е исполитизирано“, изјави Лукашенко по одбивањето на првата песна.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) сега соопшти дека не ја прифаќа и новата песна.

„Утврдено е дека и новата песна ги прекршува правилата на натпреварувањето, поради што Белорусија нема да учествува на Евровизија во Ротердам во мај“, објави ЕБУ.