БЕСМРТНОСТА НА БЕТОВЕН СО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Творештвото на музичкиот гениј Лудвиг ван Бетовен е во фокусот на вечерашниот концерт на Македонската филхармонија од 20 часот, насловен „Бесмртност“.

Под диригентство на Сашо Татарчевски, ќе се изведат Увертира за именден оп. 115, Хорска фантазија за пијано, хор и оркестар оп. 80, каде како солист ќе се претстави пијанистката Нина Костова-Јаневска, како и Симфонија бр. 2 во Д-дур.

Ќе учествуваат и хорот „Драган Шуплевски“ од Факултетот за музичка уметност и професионалниот хор „Про арс“, како и солистите Јаворка Витанова и Мартина Нанеска – сопрани, Бојана Јованова – алт, Јане Дунимаглоски и Шинаси Рамадан – тенори и Мартин Блажевски – бас.