На 16 декември од 20 часот, во камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи новогодишниот концерт „Скопје го среќава Холивуд, вечер на филмска музика“.
Музика од познати холивудски филмови ќе свири Битолскиот камерен оркестар, а како солисти ќе пеат Наде Талевска, Јасна Димитровска и Елена Васова. Организатор е Македонско-американската алумни асоцијација, а ова е нивниот традиционален новогодишен концерт.