ДИНА ЈАШАРИ, „ПЕРИЈА“ И ЈОН АЈДИ НОМИНИРАНИ ЗА ЕВРОПСКАТА МУЗИЧКА НАГРАДА ХЕМИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дина Јашари, „Перија“ и Јон Ајди влегоа во потесниот избор за музичката награда ХЕМИ, издвојувајќи се од конкуренцијата на 280 изведувачи од централна и југоисточна Европа.

Од вкупно 27 кандидати, девет ќе влезат во втората фаза, од каде што ќе се избире добитникот на наградата ХЕМИ, што ја доделува истоимениот центар за размена на музички иновации.

ХЕМИ е нова програма која има за цел да поддржи талентирани изведувачи од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија кои се подготвени да ја пласираат својата музика на европско ниво.