„ДИВЉЕ ЈАГОДЕ“ НА 27 СЕПТЕМВРИ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Босанската хард рок група „Дивље јагоде“ ќе одржи концерт на 27 септември во Скопје, во Филхармонијата од 21 часот, објави продукцијата „Сцена“.

Бендот е основан во 1977 во Загреб од Сеад Зеле Липовача, заедно со Антон Јанковиќ, Нихад Јусуфхоџиќ, Мустафа Исмаиловски и Адонис Докузовиќ. Има издадено 12 студиски албуми. Пејачи во бендот претходно беа Ален Исламовиќ и Младен Воичиќ-Тифа, и двајцата поранешни членови на „Бијело дугме“. Исламовиќ ја испеа песната „Мотори“, еден од најголемите хитови на бендот.

Билетите се продаваат во мрежата на МкТикетс од 29 август.