ДОЛИ ПАРТОН СНИМИЛА ПЕСНА ШТО ПРВПАТ ЌЕ СЕ СЛУШНЕ ЗА 25 ГОДИНИ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Доли Партон тајно снимила нова песна и ја запечатила во временска капсула, која нема да биде отворена до 2045 година. Снимката е ставена во дрвена кутија што се чува во еден ресорт во Тенеси, отворен во 2015.

Во нејзината книга што излезе неодамна „Songteller: My Life in Lyrics“, Партон открива дека персоналот на ресортот добил специјални инструкции да не ја отвора кутијата во наредните 25 години.

„Тоа е песна што за првпат ќе се слушне на 30-годишнината од отворањето на ресортот“, вели кантри ѕвездата.

Идејата за временска капсула ја добила од нејзиниот маркетинг оддел.

„Ми рекоа: ‘Ти ќе бидеш почината кога ќе се отвори’, a јас им реков: ‘Можеби нема, ќе имам 99 години, сум видела и постари луѓе‘. Ако бидам жива, ќе дојдам на промоцијата“, изјави пејачката.