Музичарот и продуцент Драги Иванов го објави новиот сингл „Крута“. Иванов е автор на песната и сценарист на спотот кој е снимен во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје.
Мирослав Илиќ направи колор и графички дизајн на спотот, Филип Методиев свири гитара на песната, а Мартина Баракоска синтисајзери и дел од оргулите.
Драги Иванов има студирано музичка и електронска продукција на Беркли во Бостон. На домашната музичка сцена е активен од 2018 и има соработувано со „Дупер“, „Плуто‘с даутс“, „Фанк шуи“ и Дина Јашари.