Сер Пол Макартни во интервју за „Сандеј тајмс“ изјави дека верува дека еднаш го видел Господ за време на психоделично искуство. Поранешниот член на „Битлс“ додаде дека бил покорен од тоа искуство.
„Беше нешто големо. Масивен ѕид на кој не можев да му го видам врвот, а јас бев долу. Секој друг ќе рече дека тоа е резултат на дрога, на халуцинација, но ние навистина почувствувавме дека видовме нешто возвишено“, изјави 76-годишниот музичар.
Музиката на „Битлс“ често била инспирирана од искуствата со психоделичните дроги, што членовите на бендот ги користеле во последните години.
Макартни, кој промовира нови албум и турнеја, исто така, кажа дека си дозволил да верува дека неговите сакани, вклучувајќи ја починатата сопруга Линда, го чуваат одозгора.