Евровизија доаѓа и во Америка.
Популарното музичко натпреварување ќе добие своја американска верзија, која од следната година ќе се емитува на Ен-Би-Си. American Song Contest ќе биде продуциран од тимот што стои зад Евровизија и ќе вклучува изведби на оригинални песни во живо.
На натпреварувањето ќе учествуваат претставниците на 50-те сојузни држави, петте американски територии и на главниот град Вашингтон, од кои ќе се избира најдобрата оригинална песна во САД. Право на учество ќе имаат солисти, дуети, диџеи и групи од најразлични музички стилови.
Натпреварувањето ќе се состои од четвртфиналните и полуфиналните рунди и од големото финале.
Од пред неколку години, на Евровизија учествува и Австралија, но надвор од конкуренција.