ФЕСТИВАЛОТ СКОПЈЕ КОЛИНГ ОД ЈУНИ ПРЕМЕСТЕН ВО СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот Скопје колинг наместо на 5 јуни ќе се одржи на 12 септември поради пандемијата на коронавирусот, соопшти организаторот „Авалон продукција“. Локацијата останува непроменета, стадионот на АРМ.

„Вини вичи, Махмут Орхан, Кирил Џајковски и Сирилик, како и нивните менаџменти, го делат нашето мислење и тие го потврдија својот настап на 12 септември во Скопје. Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, наш приоритет отсекогаш била безбедноста на публиката, изведувачите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализацијата на фестивалот“, велат од „Авалон“.

Сите кои веќе имаат купено билети за Скопје колинг истите ќе им бидат важечки и за новиот датум.