„Сите лица на басот“ е насловен вечерашниот концерт на Филхармонијата (20 часот) со францускиот контрабасист Рено Гарсија Фонс како солист. Тој ќе се претстави со свои композиции, а на програмата се и Суитите 1 и 2 од балетот „Дафнис и Клое“ од Морис Равел. Со оркестарот ќе диригира Џијан Емин.

„По работата во врвни француски симфониски оркестри, Рено Гарсија Фонс во 1990-те се одлучува за солистичка кариера. Тој разви свои музички јазик и стил и контрабасот во рацете на Фонс звучи како шпанска гитара, африканска бас лејта, виола или персиска виолина“, велат од Филхармонијата.

Фонс вели дека репертоарот за контрабас е лимитиран и денес, особено преку неговата работа, тој почнува да добива нов статус на соло инструмент кој е рамноправен со останатите.