Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт во Кавадарци на 25 август во Винскиот музеј „Тиквеш“.
Концертот е завршување на августовската турнеја на бендот. „Фолтин“ одржа концерти во Струга на 8 август во Домот на култура, на 10 август на градскиот плоштад во Охрид и концерт на 16 август на Ракометно игралиште во нивната Битола.
На последниот концерт, со нив настапија неколку млади битолски групи и „Суперхикс“ како специјални гости. Концертот во Кавадарци се организира во соработка со Домот на културата „Иван Мазов – Климе“.