„Фолтин за Франкофонијата“ е насловен вечерашниот концерт од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Концертот е во организација на Францускиот институт во Скопје, по повод одбележување на месецот на Франкофонијата.

„’Фолтин’ веќе 20 години е на врвот на македонската арт сцена. Групата има одржано бројни концерти во регионов и пошироко, а има издадено и осум успешни албуми. Музичкиот јазик на ‘Фолтин’ е замислена фонетска мешавина на неколку јазици, меѓу кои шпанскиот, португалскиот, романскиот и особено францускиот. На вечерашниот концерт ќе изведат познати француски шансони во модерен и оригинален аранжман и песни од нивните албуми“, најавува организаторот.