„ФУ ФАЈТЕРС“ СЕ ПРОСТИ ОД ТАПАНАРОТ ТЕЈЛОР ХОКИНС СО ШЕСТЧАСОВЕН МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ НА „ВЕМБЛИ“

Лондон, (Би-Би-Си)

Дејв Грол едвај ги задржуваше солзите откако „Фу Фајтерс“ се врати на сцената за првпат од смртта на својот тапанар Тејлор Хокинс. Нивниот настап беше круна на шестчасовниот спектакл на стадионот „Вембли“ во Лондон, на кој 75.000 фанови и бројни музички легенди го славеа Хокинс, кој беше пронајден мртов во хотелска соба во Богота во март.

„Фу Фајтерс“ се врати на сцената за првпат од март

Меѓу оние кои го менуваа Хокинс на тапаните беа и неговиот 16-годишен тим Шејн и младата интернет сензација Ненди Бушел.

Хокинс беше еден од омилените ликови во рок заедницата и тоа беше потврдено со неверојатната листа учесници кои се одзваа на повикот на неговата сопруга и членовите на „Фу Фајтерс“. Уште еден ваков настан ќе се одржи во Лос Анџелес, а целиот приход од концертите е наменет за две музички хуманитарни организации.

Пол Макартни и пејачката на „Притендерс“ Криси Хајнд ја изведоа „Хелтер Скелтер“ од „Битлс“

Пејте, танцувајте, смејте се, плачете и врескајте толку гласно за да може да нè чуе сега“, кажа Грол пред почетокот на концертот, што го отвори Лијам Галагер од „Оејзис“, а го затвори изненадувачкиот гостин Пол Макартни.

Синот на Хокинс настапи со „Фу Фајтерс“

Покрај нив, на концертот настапија и членови на „Квин“, „Металика“, „Полис“, „Еј-Си/Ди-Си“, „Притендерс“, „Раш“, „Суперграс“, „Даркнес“, како и ќерката на Грол, Вајолет, додека преку видеопорака се обратија и Елтон Џон и Били Ајлиш.

Брајан Меј и Сем Рајдер
Целиот „Вембли“ се осветли при изведбата на „Love Of My Life“ од „Квин“