Германскиот електро бенд „Шилер“ ќе настапи со битолскиот камерен оркестар „IWConnect“ на настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 3 јули од 19 часот на Градскиот стадион во Битола. Со германскиот бенд ќе настапат и македонските поп-пејачки Агни Авшар и Наде Талевска.
„Шилер“ е формиран во 1998, името го добил по германскиот поет и драматург Фридрих Шилер и има издадено 15 албуми.
На истиот настан ќе настапат и Каролина Гочева, „Суперхикс“, „Паркети“, „Брас брадрс“ и Лав Итоја од Нигерија.
Битолскиот камерен оркестар често организира концерти, најмногу во Скопје и Битола, а последниот беше „Летај галебе“, посветен на маестро Кире Костов. Диригент е Владимир Димовски.