ГЕРМАНСКИОТ ПИЈАНИСТ ЛУКА ШЕСТАК ЌЕ СПОИ КЛАСИКА И ЏЕЗ НА КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Германскиот пијанист Лука Шестак на 19 октомври ќе одржи концерт во Филхармонијата во Скопје од 20.30 часот, објави продукцијата „МГ“.

Шестак свири класични композиции во џез аранжмани, како и блуз, фанк и поп музика. Почнал да свири пијано на осум години и паралелно со часовите по класична музика, ги засакал џезот и блузот, со што подоцна стана популарен на Јујтјуб.

На новиот албум „Полесни ноти“ (Lighter Notes) Шестак обработи дела од Шопен во фанки стил и композиции од Бах во аранжмани кои се блиски до џезот.

Шестак првпат ќе настапи во Скопје со неговото трио. Влезниците се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.