ГОДИНАШНИОТ КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА ВО ГРАДСКИ ПАРК ПОСВЕТЕН НА ЧАРЛИ ЧАПЛИН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Традиционалниот концерт на Филхармонијата во Градски парк во Скопје оваа година ќе биде посветен на Чарли Чаплин. Настанот насловен „Лудориите на Чаплин“ ќе се одржи на 24 јуни, со почеток во 21 часот, при што оркестарот ќе ја свири музиката од филмот „Детето“.

Паралелно со концертот ќе се прикажува и филмот од 1921 година, едно од ремек-делата на Чаплин. Освен што е режисер, сценарист, продуцент и монтажер, тој ја напишал и музиката за „Детето“, во кој глуми скитник кој се грижи за напуштено дете.

Минатата година, во парк се свиреа најголемите хитови на „Архангел“. Со оркестарот повторно ќе диригира Џијан Емин.