ХОРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „СКОПЈЕ ПЕЕ“ ОД ДЕНЕСКА ДО САБОТА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Десет хорови од земјата и странство од денеска до сабота ќе им се претстават на скопјани на неколку локации низ градот.

Во организација на ЈУ „Универзална сала“, со поддршка од Град Скопје, фестивалот има за цел да ја доближи хорската музика до граѓаните на несвојствен начин, изведувајќи ја на улици и плоштади.

На првиот меѓународен хорски фестивал „Скопје пее“ посетителите ќе можат да чујат хорски перформанси на класична музика, преку џез и рок ерата, сѐ до современата популарна музика.

Отворањето е денеска во 21 часот на Школка во Градски парк. Утре, дел од хоровите ќе настапуваат на плоштадот Делфина, како дел од културното лето „Карпош 2019“, а дел во Паркот на езерата во Аеродром, во рамките на „Бек ту скул“ неделата.

В сабота сите хорови ќе настапат во Македонската филхармонија