ИГОР ЏАМБАЗОВ И МЛАДИ МАКЕДОНСКИ И ШВАЈЦАРСКИ МУЗИЧАРИ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЗВУЦИТЕ НА ЗЕЛЕНОТО“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Утре (30 август) кај Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи традиционалниот еколошки настан „Звуците на зеленото“, во организација на „Пакомак“, а во соработка со Швајцарската амбасада.
Од 20:30 часот на две сцени, во паркот зад МКЦ и пред бифето, ќе настапат младата локална група „Моира“, Игор Џамбазов со бендот на Гуру Харе, гостите од Швајцарија „Орфиа“ и диџејот Алекс Нантај.
Пред почетокот на музичката програма, во 19 часот во МКЦ ќе биде отворена изложбата „Чиста технологија – швајцарски решенија за предизвиците на денешницата“.