ИГОР ЏАМБАЗОВ И „ЦРВЕНА ЈАБУКА“ ЌЕ НАСТАПАТ ЗА ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ ВО РАДОВИШ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 28 август на градскиот плоштад во Радовиш со два концерта ќе се прослават Денот на македонските рудари и Денот на градот Радовиш.

Од 21 часот, концерт ќе одржи актерот, музичар и шоумен Игор Џамбазов, кој придружуван од „Гуру Харе бенд“ ќе ги испее своите најголеми хитови, како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“ и „Да си жив и здрав“.

Прославата ќе продолжи во 23 часот со настапот на „Црвена јабука“. Босанската поп-рок група неодамна имаше концерт во Охрид пред полн Антички театар.