ИЗЛЕГУВА ПРВА ПОСТХУМНА ПЕСНА НА ЏОРЏ МАЈКЛ

Лондон, (НМЕ)

Првата постхумна песна на Џорџ Мајкл ќе биде објавена утре.

Песната „This Is How (We Want You To Get High)“ е дел од саундтракот на филмот „Минатиот Божиќ“, инспириран од музиката на легендарниот британски пејач. Ова е една од песните што Мајкл ги напишал и продуцирал пред својата смрт во 2016 година и која требаше да се најде на негов нов албум.

Саундтракот содржи три песни на „Вем!“ и 12 од соло кариерата на Мајкл.

Ема Томпсон го напиша сценариото за „Минатиот Божиќ“ и е во главна улога, заедно со Емилија Кларк и таа кажа дека „Џорџ Мајкл ѝ го дал својот благослов да направи ваков филм“.

„Тој беше најфиното момче што можете да замислите. Тој ги сакаше сите теми од филмот, зашто имаше голема социјална свест. Бев многу ентузијастична за филмот и почнавме да работиме на него, кога Џорџ ненадејно почина за Божиќ 2016. Многу ми недостига“, изјави Томпсон.