Утре (23 март) од 20 часот, Каролина Гочева ќе одржи концерт во Домот на културата во Крива Паланка по повод отворањето на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.
Поп-пејачката ќе настапи со проектот „Македонско девојче“, со песните од двата албума кои ги промовираше во 2008 и 2015. Гостин на концертот е музичарот и продуцент Никола Мицевски, автор на повеќето од песните на „Македонско девојче 2“.
Со купување билет за концертот, кој чини 300 денари, публиката ќе учествува во кампањата „Концертен клавир за градот на културата“.