КАРОЛИНА ГОЧЕВА СО ПОЛНОЌЕН КОНЦЕРТ ВО ОХРИД НА 27 ЈУЛИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Каролина Гочева ќе одржи полноќен концерт со своите најголеми хитови на 27 јули во Охрид на плажата „Голден бич“. Од „Авалон“ рекоа дека со овој настан почнува нивната летна концертна сезона во Охрид.

Пролетната турнеја низ Македонија Каролина ја започна во Скопје на 1 март и потоа одржа концерти во Струмица, Битола, Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Гостивар. Каролина настапи и на настанот „Ѕвездена симфонија“ на 3 јули во нејзината родна Битола заедно со Камерниот оркестар и ги собра најголемите аплаузи од публиката.

Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку мрежата на tickets.mk

Фото: С. Ставрев